Истражувачите од универзитетот во Токио дошле до ново откритие кое би можело значајно да влијае на брзината и успешноста на трансплантацијата на органи. Имено, тие откриле можност за создавање на животни кои поседуваат органи кои припаѓаат на друг вид.
На истиот универзитет веќе од претходно имаат „произведено“ глувци со органи од стаорци.
Токму тие истражувачи сега тврдат дека истата техника би можела да се примени и на свињи во кои би се развивале човечки органи.
Научниците нагласуваат дека овој проект е проблематичен од етички аспект. Имено, научниците нема да создаваат вештачки клетки на ембриони, туку откритието ќе го користат исклучително за трансплантација и одгледување на витални органи, пишува Telegraph.
Моментално во светот владее недостаток на органи за трансплантација, а со ова откритие тој проблем би можел да исчезне.