Што се крие зад повеќето од 50 мистериозни форми кои може да се видат по целата површина на северен Казахстан?
Необичните форми кои може да бидат со облици на свастика, круг, крст или пак квадрат се со големина од 90 до 400 метри и се уште познати како геоглифи. Под геоглиф се подразбираат форми направени во самата земја или пак со местење на поголеми камења. Може да се најдат насекаде во светот, а најпознатиот пример се Наскански линиите во Перу.
Научниците се надеваат дека со проучувањето на овие цртежи и форми наскоро ќе откријат повеќе детали за античките ритуали за областа во која што може да се најдат.
-Од денес, можеме да кажеме дека геоглифите биле создадени од античките народи. Од кои и со која намера, се уште останува мистерија, велат археолозите од Kostanay универзитетот од Казахстан.
Откако за прв пат беа забележани благодарение на Google Earth, научниците користат радари со цел подобро да ги анализираат формите. Тимот откри дека на местата каде се јавуваат геоглифите постојат остатоци од антички структури кои сугерираат дека локациите биле направени за ритуали.