Тренерот на Ливерпул, Арне Слот го пофали напаѓачот на тимот Мохамед Салах за играта на натпреварот од 14. коло на англискиот фудбалски шампионат против Њукасл (3:3).
Триесет и двегодишниот Египќанец синоќа постигна гол и асистираше, истовремено соборувајќи го рекордот на Вејн Руни по број на натпревари со гол и асистенција во Премиер лигата.
-Секогаш кога ни треба Салах, тој постигнува гол. Се надеваме и очекуваме дека уште долго ќе може да прикажува ваква игра. Мохамед беше одличен во второто полувреме од натпреварот против Њукасл и направи многу посебни работи за нас, го цитира „Би-би-си“ Слот.
Оваа сезона напаѓачот на Ливерпул има 15 голови и 12 асистенции на 21 натпревар во сите натпреварувања.
Договорот на Салах со англискиот клуб истекува на 30 јуни 2025 година.