Тренерот на Ливерпул, Арне Слот доби суспензија од два натпревари и парична казна од околу 80 илјади евра поради неговото однесување на одложениот натпревар од 15. коло на Премиер лигата со Евертон (2:2), објави прес-службата на Фудбалската асоцијација на Англија.
Четириесет и шестгодишниот Холанѓанец е казнет поради недолично однесување и навредливи или непристојни зборови упатени кон судиите по крајот на натпреварот.
Самиот тренер ја призна вината. Заедно со Слот дисквалификуван ќе биде и неговиот помошник Сипке Хулшоф.
Слот, заедно со играчот од средниот ред на Ливерпул, Кертис Џонс и играчот од средниот ред на Евертон, Абдулај Дукур, добија црвени картони по масовна тепачка по последниот судиски свиреж.
Ливерпул и Евертон исто така се казнети со 60.000, односно 78.000 евра.