Ристовски: Мора да се тргне во борба против корупцијата затоа што спортот секогаш бил најчистото нешто во општеството

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев и со помошникот директор во БЈБ за криминалистичка полиција, Илија Челшев Менис. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Министерството за спорт и Министерството за внатрешни работи во борбата против корупцијата во спортот.



-Разговаравме за поблиска соработка на Министерството за спорт и Министерството за внатрешни работи во делот на спортот и спортските активности како и доближување и запознавање на младите со работата на полицијата преку нивните активности. Тема на денешната средба беше и борбата против корупцијата во спортот. Заеднички заклучок е дека мора да се тргне во борба против корупцијата затоа што спортот секогаш бил најчистото нешто во општеството и повторно мора да му го вратиме тој предзнак, истакна Ристовски.

Тој нагласи дека Министерството за спорт заедно со МВР продолжуваат со заеднички напори за зајакнување на довербата во спортските вредности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зошто мажите после 50-та година пуштаат стомак?
- Му креваат споменик на паднатиот!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1204.- Умре Мојсие Мајмоинид, еврејски филозоф,...
1466.- Во Фиренца умре Донати ди Николо ди Бето...
1553.- Роден е францускиот крал Анри IV, прв...
1570.- Данска ја призна независноста на Шведска.