|
|
|
Близнаци – годишен хороскоп за 2018
Во речиси сите области во животот на близнаците ќе има промена на моменталната ситуација Ова особено важи за припадниците на овој знак кои се од посилниот пол. Нема да имате проблем со исполнувањето на вашите желби. Оваа година бидете внимателни во однос на празните ветувања, но и во однос на големите одговорности.
Љубов
Позицијата на Јупитер ќе ви даде голема можност да го подобрите емотивниот живот оваа година. Ќе бидете во центарот на случувањата, ќе ве има насекаде, ќе стекнувате нови познанства, а тоа ќе резултира со зголемување на нивото на привлечност. Ќе имате многу страствени ноќи и задоволство кои ќе го збогатат вашиот љубовен живот. Машките родени во овој знак се препорачува да бидат внимателни бидејќи можно е да бидат фатени како водат паралелна врска со две различни партнерки. Крајот на годината ќе заврши со прекинување на некоја врска и зацврстување на друга.
Работа и кариера
Нови деловни потфати чекаат на вас во 2018-та. Внимателно со колегите на работното место, ќе направат се за да не ги добиете посакуваните работни проекти со цел да ги зграбат за себе. Сепак, иако ќе биде бавно, сигурно ќе има напредок во вашата кариера и деловен живот. Вашите раце ќе бидат полни со пари, но ќе немате можност да уживате во нив од прекуумерните обврски. Избегнувајте да трошите повеќе од колку што е потребно. Треба да научите да живеете во рамките на буџетот кој го поседувате, а не да позајмувате пари за да имате луксузен живот.
Здравје
Обидете се да направите голем баланс помеѓу психичката и физичката активност. Обидете се да избегнувате нешта кои ќе го заморуваат вашиот мозок. Кон средината на годината се препорачува зголемување на физичката активност сè со цел да ја истрошите негативната енергија која се собирала со месеци.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Како се викаат свекор и свекрва? - Шап и лигавка! А снаа? - Луда крава! |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...
|
|
|
|
Хороскоп |
|
|
|
|