Услови за користење на ИДИВИДИ порталот на Македонски ТелекомСодржина и услуги на ИДИВИДИ порталот и нивна употребаРегистрација на корисници на ИДИВИДИ порталотСо овие услови и правила овозможено Ви е користење на услугите и содржините од ИДИВИДИ порталот односно користење на сите страници од ИДИВИДИ порталот и сервиси кои припаѓаат на доменот www.idividi.com.mk (понатаму во текстот ИДИВИДИ). Со прифаќањето на овие услови и правила се подразбира дека сите корисници во секој момент се запознаени со условите за користење и во целост ги разбираат и прифаќаат. Македонски Телеком на своите корисници им нуди пристап до мноштво различни интернет сервиси и содржини. Македонски Телеком го задржува правото да ги укине или да го промени изгледот, содржината и условите за користење на ИДИВИДИ порталот како и на сите сервиси и подстраници кои се составен дел на ИДИВИДИ порталот без никакви обврски за претходна најава. Македонски Телеком не одговара за било каква штета настаната поради тие промени. Со прифаќање на овие услови за користење корисникот се согласува услугите на ИДИВИДИ да вклучуваат реклами, известувања, пораки од администратор и слични пораки на Македонски Телеком за редовно информирање на посетителите/корисниците на порталот и нормално функционирање на сите услуги и содржини на ИДИВИДИ. Македонски Телеком во целост се откажува од секаква одговорност која на било кој начин може да настане од или на било кој начин, а е во врска со користење на ИДИВИДИ порталот за било какво работење на корисникот/посетителот употребувајќи или злоупотребувајќи ги содржините на ИДИВИДИ порталот, и за било каква штета која може да се случи на корисникот/посетителот или било која трета страна поради употреба или злоупотреба од користењето на содржините на ИДИВИДИ порталот. Со регистрирање за услугите на ИДИВИДИ порталот корисникот добива податоци за корисничката сметка - корисничко име и лозинка. Корисникот е должен да ги чува податоците за корисничката сметка и во потполност е одговорен за штетата настаната од неавторизирано користење на својата корисничка сметка. Завршувајќи ја регистрацијата корисникот прифаќа одговорност за сите активности поврзани со користење на услугите на ИДИВИДИ Порталот. Обврски на корисниците при користење на ИДИВИДИ порталотАвторски праваНа корисниците на ИДИВИДИ порталот не им е дозволено:
Заштита на приватноста и тајноста на податоцитеЛинкови на други веб страници и содржини добиени од корисниците Македонски Телеком може да собира лични податоци на корисници/посетители само со нивна изречна согласност. Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со Законот за Заштита на личните податоци како и Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци Наведените податоци ќе се користат со цел информирање на корисникот, подобар увид и разбирање на потребите и барањата на корисниците на ИДИВИДИ, одржување на содржината и функционалноста порталот како и развој на можности за поквалитетно давање услуги. Македонски Телеком се грижи да ја овозможи безбедноста на вашите лични податоци. Податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. ИДИВИДИ порталот содржи и документи, податоци, информации и врски до други Интернет страници креирани од трети лица (линкови) кои ќе бидат обележани како такви, секогаш кога тоа е можно. Македонски Телеком нема надзор над наведените документи, податоци, информации и други интернет страници и во целост се откажува од секаква одговорност врзана за содржината на интернет страниците креирани од трети лица. Македонски Телеком не е одговорен за содржината на страниците кои огласуваат на ИДИВИДИ портал, ниту за било каква штета која настанала поради рекламирање на ИДИВИДИ порталот. Деловните односи помеѓу огласувачите и корисниците на ИДИВИДИ порталот и надвор од него исклучиво се засновани на деловен договор помеѓу огласувачот и корисникот и Македонски Телеком не е одговорен за било каква можна штета која би произлегла од таков деловен однос. Македонски Телеком не ја контролира содржината која ја разменуваат корисниците и не може да гарантира точност, потекло или квалитет на таквите содржини. Во случај да открие дека некоја содржина ги крши правните прописи на Република Македонија или го нарушува угледот на ИДИВИДИ порталот како медиум, Македонски Телеком го задржува правото да ја отстрани таа содржина од ИДИВИДИ порталот без претходно известување. Македонски Телеком нема на било кој начин да одговара за содржина или губење и оштетување на содржина кое настанало заради користење на ИДИВИДИ порталот. Македонски Телеком го задржува правото содржините кои ги објавуваат или разменуваат корисниците на ИДИВИДИ порталот да ги користи за промотивни цели. Македонски Телеком го задржува правото да ги прекине или ограничи можностите за користење на корисничката сметка и/или една или повеќе услуги за кои корисникот е регистриран, без претходна најава и/или објаснување. Македонски Телеком не одговара за било каква штета која настанала со укинување на корисничката сметка и/или една или повеќе услуги за кои корисникот е регистриран. |
|
Национална СОС линија Доколку сте жртва на насилство јавете се на 02/ 15 700 (http://www.semejnonasilstvo.org.mk) |