Хрватскиот претседател и кандидат за нов мандат на Пантовчак, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека на Хрватска и треба државен, а не режимски обвинител, алудирајќи на актуелниот прв човек на ДОРХ, Иван Турудиќ.
Милановиќ на својот официјален Фејсбук профил објави фотографија со порака: „Хрватска мора да биде земја која ги почитува своите граѓани. Државните институции мора да го откријат и казнуваат криминалот и корупцијата, а не да ги прикриваат за да ја заштитат власта“.
На објавената фотографија е напишано „ Нормално, нам ни треба државен, а не режимски обвинител“, по што следеше и слоганот на неговата изборна кампања „Претседателот за претседател“.
„Без чесна власт на сите нивоа, нема благосостојба за граѓаните. Луѓето од Хрватска се водени од неправда и нечесност, а само почитувањето на законите и правилата, како и вреднувањето на трудот и знаењето може да го запре иселувањето“, рече Милановиќ, кој, инаку, во последно време ретко се рекламира.