Уапсени 8 лица кои учествувале во вчерашните инциденти

Уапсени се засега осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите рече дека четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик којшто се однесува на „предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ за што е предвидена казна затвор од минимум една година.

Тошковски рече дека сите се млади лица на возраст од 18 до 21 година, а еден од нив е малолетник.

- Тие се приведени, се наоѓаат во полициска станица и по насока на јавен обвинител по итна постапка ќе бидат изведени пред лицето на правдата, односно согласно информациите коишто ги имам, ќе бидат изнесени пред суд, а потоа судот ќе одлучи во рамки на своите законски надлежности, рече Тошковски.

Во текот на вечерта, како што посочи, целосно се расветлени повеќе случаи, дел се решени делумно, а во голем дел од случаи полицијата ќе постапува и следните денови. Тошковски ги повика сите оние кои имаат информации за вчерашните инциденти да ги достават до Министерството за внатрешни работи.

- Благодарност до сите совесни граѓани кои на социјални мрежи споделија ваков тип на несакани дејствија заради тоа што еден од кривично правните настани ги расветливме по добиена снимка од социјални мрежи. Морам тоа да го напоменам. И оној кој го кине знамето, а притоа има едно црвено возило во позадина лицето е уапсено. Еден од нив е фатен како го пали македонското знаме, а еден како го симнува знамето. Останатите четири лица кои се приведени се уапсени затоа што учествувале во тепачка, рече Тошковски. 

Најави дека за секој за кого ќе се обезбедат докази ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Полицијата, како што додаде, одговорила соодветно и професионално.

- За среќа жртви немавме, тешки телесни повреди немавме, за среќа не се оствари посакуваното сценарио на некои недобронамерници да ја инволвираат полицијата во рамки на одредени настани на начин на којшто тие сметаа дека треба да биде инволвирана полицијата, рече Тошковски.
Според него, ова се инциденти што се случиле од страна на млади луѓе кои треба да одговараат, но, како што рече, не смееме да дозволиме подгревање на меѓуетнички тензии од ниту една националност.

 - Уште еднаш сакам да упатам порака до сите оние кои се на ум да предизвикаат какво било сценарио за дестабилизација на државата, жестоко и сурово ќе одговориме на ваквите обиди. Полицијата е спремна, зрела и професионална да одговори на сите предизвици, рече Тошковски.

Вчера, со автомобили со развеани знамиња на Албанија по улиците на Скопје и во други градови во земјата се одбележуваше Денот на албанското знаме. На видео снимките што синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил.

Политичките партии го осудијат чинот на сквернавењето на македонското знаме и побараа сторителите да бидат откриени и казнети по закон.

Прес на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Прес на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Posted by MИА.mk on Friday, November 29, 2024



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На погребот на една лоша жена, која го малтретирала сопругот, само што го спуштиле ковчегот почнало да грми. Вдовецот ја кренал главата кон небото:
-Изгледа дека веќе стигнала!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на солидарноста со...
1314.- Умре францускиот крал Филип IV Убавиот,...
1516.- Во Венеција умре италијанскиот сликар...
1543.- Умре германскиот сликар Ханс Холбајн...