Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија

Средствата обезбедени преку кредитните линии од Унгарија се трошат наменски. Владата има донесено уредба со која точно се дефинирани начините како можат да се користат тие средства, така што нема основа за шпекулации за нивно ненаменско трошење. Тоа денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски во Неготино, во врска обвинувањата од опозицијата за ненаменско трошење на средствата.



Мицкоски посочи дека опозицијата може сешто да каже, но оти за се што е кажано треба да постојат докази.

- И да сакаме не можеме, Владата донесе уредба, одредени се начините како можат да се трошат средства од кредитот, рече тој.

По однос самите средства обезбедени преку кредитните линии од Унгарија, тој посочи дека интересот е исклучително голем. Според информациите со кои располага, а за што, како што рече, на дневна основа го брифирала министерката за финансии, Мицкоски истакна дека само една од банките има побарувања во износ од 180 милиони евра за финансирање проекти.

- Кога ќе ги собереме сите банки, тој износ изнесува повеќе од 350 милиони евра, што значи дека и овие 250 ќе бидат малку. Можеби ќе треба повторно да ги користиме нашите пријатели и сојузници надвор од Македонија за нова кредитна линија под ултра поволни услови. Гледаме дека ова е начинот како да го развиваме стопанството, рече тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се собрале репрезентациите на Колумбија и Јамајка.
Едните ја испушиле тревата, а другите ги ишмркале цртите.
Натпреварот бил одложен.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
280.- Роден е римскиот цар Флавиј Валериј...
1617.- Меѓу Шведска и Русија е склучена спогодба...
1807.- Роден е американскиот писател Хенри...
1844.- Домениканска Република се одвои од Хаити,...