Филипче: Македонија испраќа порака дека нејзината надворешна политика е импровизација

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека последното гласање за резолуциите за Украина во ОН јасно покажало дека македонската надворешна политика е без компас, дека се одлучува импулсивно и без надворешно политички приоритети.

-Со овие хаотични и навистина неразбрливи одлуки Македонија испраќа порака дека нејзината надворешна политика е импровизација. Дополнително Владата ја продлабочи конфузијата со тоа што прифати да бидеме коспонзори на американската резолуција, а потоа гласавме воздржано. Прв пат една македонска влада што конспонзорира резолуција потоа не гласа за истата, рече Филипче.

Филипче смета дека за двете резолуции во ОН требало да се гласа „за“, бидејќи тие не се косат една со друга туку се надополнуваат.

Тој го поздрави продлабочувањето на стратешкото партнерство со САД, но побара одговори од Владата која е целта за оваа поддршка на новата администрација на САД, што побарала Владата и што очекува од тоа.

Го повтори ставот на СДСМ за европската иднина на земјата. Филипче на прес-конференцијата од Владата побара одговор дали навистина парите од унгарскиот кредит се потрошени или се трошат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се собрале репрезентациите на Колумбија и Јамајка.
Едните ја испушиле тревата, а другите ги ишмркале цртите.
Натпреварот бил одложен.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
280.- Роден е римскиот цар Флавиј Валериј...
1617.- Меѓу Шведска и Русија е склучена спогодба...
1807.- Роден е американскиот писател Хенри...
1844.- Домениканска Република се одвои од Хаити,...