Скопје, 19 јуни (МИА) – Дозволата македонската делегација да допатува на министерскиот состанок на ОБСЕ на Крф со владиниот авион е нормално работа што би ја направила секоја нормална држава, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, коментирајќи ја реакцијата на грчката опозициска партија ПАСОК оти тоа претставува „опасен преседан“.
- Слободата на патување е едно од основните права на кои се темели и почива денешната современа демократија и сметам дека дозволата македонската делегација да допатува на министерскиот состанок на Крф е нормално нешто кое би го направила секоја нормална држава. Впрочем тоа е дел од она што сите го нарекуваме взаемна и слободна комуникација и мислам дека не треба ова прашање да биде воопшто противречно за сите оние што се декларираат како демократи, изјави Милошовски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната средба со
Милошоски се пошегува велејќи дека и костумот му е произведен во Република Македонија и верува оти Грците ќе му дозволат да го носи на состанокот.
- Мојот костум е произведен и на него пишува Made in Republic of Macedonia. Мислам дека ќе ми биде дозволено да го носам на конференцијата на ОБСЕ на Крф, рече шефот на македонската дипломатија
Најголемата грчка опозициска партија ПАСОК ја обвини Владата на Костас Караманлис дека прави опасен преседан со одлуката да одобри Милошоски да пристигне на Крф на состанокот на ОБСЕ со владиниот авион на кој пишува Република Македонија.
Според ПАСОК, со тоа се поткопува преговарачката позиција на Грција во спорот за името и се испраќа погрешна порака до Скопје во пресрет на продолжувањето на преговорите со посредство на Метју Нимиц.
Состанокот на Крф на 27 и 28 јуни се одржува во меѓу периодот од средбата Нимиц со преговарачите на двете земји во Женева на 22 јуни и неговата посета на Скопје и на Атина на 6 и на 8 јули. Во Атина засега нема официјална најава за можна средба на министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија Дора Бакојани и Антонио Милошоски на маргините на состанокот на ОБСЕ на Крф.
И во македонското Министерство за надворешни работи потврдуваат дека засега нема договорено средба Милошоски - Бакојани. Македонската страна е подготвена за евентуална средба на Крф, но засега нема позитивни сигнали ниту расположение во Атина за тоа, велат во МНР.