Советник на Зеленски: Трамп и Зеленски ќе постигнат договор

Приказната што треба да ја раскажеме е за Украина 2.0, изјави Олександр Камишин, новиот советник на украинскиот претседателот Володомир Зеленски за стратешки прашања, во разговор за Телеграф.



Камишин, кој секојдневно се среќава со Зеленски за решавање на кризни прашања, ја претстави својата визија за Украина како отпорна, технолошки напредна држава, подготвена за иднината.

Тој ја опишува својата работа како „пожарникар“. Зеленски секојдневно го упатува да решава различни кризни прашања - од здравство и инфраструктура до производство на енергија и муниција. Со толку широк поглед на клучните сектори, Камишин нуди визија за Украина по примирјето: земја која би можела да стане клучен дел од Европа со луѓе кои се издржливи, технолошки напредни, вешти во развојот на дронови и одржување на железницата.

- Украина 2.0 носи лекции за одбранбената индустрија, здравството, службите за итни случаи и железничкиот систем, вели Камишин. „Тоа не е сликата по која сакавме да бидеме познати, ама научивме вредни лекции. Подготвени сме да го споделиме тоа знаење со светот, посочи тој.

Камишин истакна дека Украинските железници, кои играа клучна улога во евакуацијата на цивили и снабдувањето на фронтот, се симбол на националната издржливост. Под негово водство, Украина значително ја зголеми домашната продукција на муниција и ја разви ракетата „Паљаница“.

„Ова е производ на вистинска Украина. Еден ден ќе биде потребна на Австралија, Велика Британија и Јапонија“, додаде Камишин, нагласувајќи ја важноста на подготвеноста за глобалните предизвици.

Во однос на ставање крај на војната, советникот се осврна на американско-украинските односи во контекст на изборот на Доналд Трамп за претседател. - Сите очекуваат дека САД ќе ја намалат поддршката за нас, вели Камишин.

- Но, Трамп сака договори. Мојот претседател исто така сака договори. Тие ќе најдат заеднички јазик, убеден е новиот советник на Зеленски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Русокоса може да поверува дека штрк може да донесе дете, но неможе да
поверува дека пајак може да и ја однесе колата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Национален празник на Кенија
1642. - Холандскиот морепловец Абел Тасман го...
1821.- Во Руан е роден Гистав Флобер, француски...
1922. - Во Бенешов, кај Прага, е роден Франтишек...