Рекламирање на IDIVIDI

Посетеност на IDIVIDI

  • 3.000.000 отворени страници (pageviews)/месец
  • 800.000 посети (visits)/месец
  • 250.000 единствени посетители (unique visitors)/месец
банер позиција димензии (пиксели) max. капацитет ** CPM цена без ддв: (денари/1000 прикажувања) CPM цена со ддв: (денари/1000 прикажувања)
1 728x90 40KB 200 236
2 541x67 40KB 170 201
3 541x67 40KB 160 189
4 541x67 40KB 150 177
5 125x170 40KB 100 118
6 300x250 40KB *** 200 236
Флоатер 300х300 100KB 900 1.062
Preloader (takeover) 780х400 100KB 2.500 2.950

 

други видови рекламирање димензии (пиксели) max. капацитет ** Цена без ддв Цена со ддв
Комерцијален (PR) текст / / 6.500 денари/ден 7.670 денари/ден
Брендирање ~1900x700 250KB 35.000 денари/седмица 41.300 денари/седмица
Банери на:
  • мобилна верзија на ИДИВИДИ
  • мобилни апликации за Android и iOS
320x50 40KB 100 денари/1000 прикажувања 118 денари/1000 прикажувања ****
** Согласно препораките на:
*** Секој банер кој е поголем од 400KB, се наплатува дополнителни 30% од цената.

Изработката на банер не е вклучена во цената.

CPM (Cost Per Mile) е цена за 1000 прикажувања на банерот.

Сите банери, освен комерцијален текст и брендирање, ќе бидат прикажувани на сите ИДИВИДИ страници (насловната, категориите, вестите итн.). Таргетирањето е можно според содржините на ИДИВИДИ со помош на ограничувања за приказ на банерите по категории. Овој начин на таргетирање не се наплатува дополнително. Секое ограничување банерот да се појавува само на насловната страна, ќе се наплатува дополнителни 30% од цената.

Roll Down и Roll Side банерите чинат дополнителни 50% од цената.

Контакт

email: marketing@idividi.com.mk
телефон: (02) 3242600

Спецификации

Комерцијален (PR) текст

Комерцијален (PR) текст се објавува 24 часа на насловната страница, и во текстот ќе стои наднаслов „Комерцијален текст“.

 

Брендирање

Брендирањето подразбира дизајнирана позадина на целата веб страница. Димензии за брендирана позадина можете да симнете ТУКА.

Roll Down и Roll Side банер

Банерот ја зголемува својата површина исклучиво на акција на посетителот (mouse over или mouse click), а се затвора на mouse out. Вкупната површина која на отворениот банер не смее да надмине 250% од првичната површина и не смее да покрива други банер позиции.

Лебдечки (floater) банер

Floater банер мора да содржи јасно и постојано видливо копче за негово затворање. Неговото прикажување е ограничено на 10 секунди, доколку претходно посетителот не го исклучи сам.

Takeover банер

Takeover банерот го покрива речиси целиот екран и се прикажува пред да се вчита страницата со содржини. Банерот мора да содржи јасно и постојано видливо копче за негово затворање. Неговото прикажување е ограничено на 7 секунди, доколку претходно посетителот не го исклучи сам.

Видео банер

Видео банер вклучува видео player со задолжителни команди за стоп/play и за нагодување на звукот. Видео клипот може да стартува сам, но звукот исклучиво по барање на посетителот (со клик на копчето unmute).

Технички напомени за флеш банери

Frame rate на флеш банерите не треба да надмине 24 frames/sec заради одржување на перформансите, а препорачано е да биде 12 frames/sec.
Пожелно е, покрај флеш банер да се достави и слика од банерот (во иста димензија) како замена на банерот за оние посетители кои немаат поддршка за Javascript или инсталиран Flash plug-in.
Вчитување на фајлови од други домени не е дозволено.
Визуелниот изглед на банерите не смеат да имитира содржини на IDIVIDI.
Линкот е задолжителен и за ActionScript 2.0 треба да биде поставен со помош на следниов код:

on (release) {
     if  (clickTAG.substr(0,5) == "http:") {
       getURL(clickTAG,clickTARGET);
     }
   }

Во случај на ActionScript 3.0, линкот треба да биде поставен со помош на кодот (и button објектот да биде именуван myButton_btn) или информациите на www.flashclicktag.com.

Примери на функционални flash банери можете да симнете ТУКА.

pozicii za baneri
pozicija na baner za mobilni uredi

Контакт

email: marketing@idividi.com.mk
телефон: (02) 3242620

Најпогодна цена

Во споредба со останатите медиуми (летоци, плакати, билборди, весници, ТВ и радио), Вашиот маркетинг буџет може да се искористи многу порационално. За многу помалку средства, Вашата реклама ќе дојде до многу повеќе посетители. Односот цена/посетител е неспоредлив во корист на интернет маркетингот.

Брзи резултати

Огласувањето преку интернет Ви носи резултати веднаш и нив можете да ги следите од минута во минута.

Кратко време за организирање кампања

Маркетинг кампањата, од идеја до реализација, може да се оствари дури и за еден ден.

Флексибилност

Вашата реклама на интернет може да се менува и прилагодува во текот на целата кампања и тоа речиси без трошоци.

Достапност

Рекламата е активна и присутна 24 часа дневно до сите корисници на интернет без оглед на нивната географска локација.

Големи можности

Интернетот како нов маркетинг медиум, носи нови можности за огласување кои не постојат во класичните медиуми. Интерактивните и необични кампањи се одличен начин да се привлече вниманието на посетителите.