Он лајн енциклопедијата
Википедија на македонски јазик достапна за корисниците ширум светот ја надмина бројката од 20.000 статии.
Википедија на македонски јазик има преку 6.000 регистрирани корисници, кои заедно со останатите нерегистрирани корисници работат на достапност на светското знаење на македонски јазик.
Содржините се илустрирани со мултимедијални содржини и се категоризирани по области, до кои може да се пристапи и преку осумдесетина тематски портали. Во текот на минатиот месец просечно секоја секунда се чита некоја страница од Википедија на македонски јазик.
Верзијата на англиски јазик брои повеќе од 2,6 милиони статии, а 22 други јазични изданија имаат над 100.000 статии. Според бројот на статии, Википедија на македонски јазик се наоѓа на 59-то место.