Неделен хороскоп Месечен хороскоп
од 20.04.2018 до 28.04.2018 01.04.2018 до 01.05.2018

Работа  во вас, природно е засадена плодотворна моќ, вие сте тие кои можат цели карпи да понесат на својот грб и притоа да останете доследни на барањата. Сега сте во период полн со искушенија, но не грижете се вие со раширени раце ќе ги зграпчите. Бидејќи станува збор за ваше докажување по кој знае кој пат смирете се ставете се она со што располагате  на вага а потоа конкретно делувајте. 
Љубов оние припадници кои се подолго во врска ќе забрзаат  по свадбените ѕвона, отине сакаат веќе да одложуваат. Вие останатите малку ќе ја запоставите љубовта заради работата и се разбира ќе барате разбирање за таквата состојба од партнерот. Некои ќе бидат сфатени, но не сите,  затоа навреме решете што ќе правите.
Здравје можни се проблеми поврзани со некои промени на вашата кожа, најверојатно станува збор за некој вид на алергија.

Работа и покрај гласините кои неодамна допреа до вашите уши, дека ќе ви се случи некоја промена во врска со работното место сепак продолжувате активно да учествувате во сите нови настани и збиднувања и постојано сте во друштво на успешни луѓе кои ве поттикнуваат на креативно размислување. Ова се разбира е за пофалување. Останете мирни и мудро прифатете ги сите нови обврски. Промена нема да се случи сега за сега, вам ви претстои такво нешто, на ваша иницијатива а не наметната од друг. Малку ќе се двоумите околу некоја понуда која се шири како гласина засега, но кон крајот на април можно е да биде официјална. Некаде во периодот од 15 до 19 април ќе добиете покана која ќе има врска со законот. Некој ќе побара помош од вас а на вас е да решите што ќе сторите. Но, не заборавајте, најчесто доброто со добро се враќа.
Љубов на ова поле посакувате некоја промена во љубовниот живот, мечтаете за нови пријателства и дружења и тоа желбата ви е од поодамна некаде од крајот на февруари па се до 7 април кога е вашиот краен рок да запознаете нова интересна личност со која ќе си подарите повеќе страст и уживање. Тоа ви е потребно, така ќе се релаксирате и ќе добиете позитивна енергија која ќе ја искористите на професионален план. Со постојаниот партнер се ќе тече по просечен тек па така сите ќе бидат среќни и задоволни. Оние пак слободните припадници кои се уште мислат дека не го пронашле својот партнер, се лажат. Тој е тука до нив. Потребно е само малку да погледнете и да го почувствувате флуидот кој доаѓа од оној кој ви се нуди како рамо за плачење.
Здравје бидејќи имате доста активен период, најважно од се е енергијата, таа ќе ви биде најпотребна. Затоа земајте енергетска храна богата со витамини и минерали и практикувајте секој ден да консумирате по неколку ореви и бадеми.
Бик
Дневен хороскоп
здравје љубов работа
БИК (20.04-20.05)
Знак на месецот
Бик БИК
(20.04-20.05)
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби

IDIVIDI Сервиси
webmail
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина