Нови безбедносни пропусти на IE

Безбедносните пропусти на пребарувачот на „Microsoft“, Internet Explorer, им овозможуваат на хакерите да ја преземат контролата врз вашиот компјутер и да ви ги украдат лозинките, предупреди вчера Дериен Грем Смит, уредник на онлајн магазинот „PC Pro“.

- Срамота е што „Microsoft“ веднаш не ги решил проблемите со пребарувачот, вели Грем Смит

Џон Карен, шеф на Microsoft Windows group за Велика Британија изјави дека светскиот софтверски гигант настојува што побргу да го реши проблемот со пребарувачот.

- Во моментов овој проблем се јавува само кај 0,02 отсто од сајтовите во светот. Се чини дека засега проблемот се однесува само на седмата генерација на IE, но тој би можел да се пренесе и на другите верзии на пребарувачот. Не можеме само поради овај пропуст да им препорачаме на луѓето да ги користат конкурентските пребарувачи, изјави Карен.

Другите пребарувачи Firefox, Opera, Chrome и Safari, за сега не покажаа ранливост на сајтовите каде што се случуваа безбедносните пропусти на IE. Истражувањата покажаа дека овие безбедносни пропусти се јавуваат кај околу 10.000 сајтови.

Според Рик Фергусон, советник за безбедност во „Trend micro“ овој пат хакерите ги пронајдоа пропустите пред тоа да го направи „ Microsoft“.

- Забележавме дека овие пропусти се користат за крадење на лозинките за видео игри, но неизбежно е дека и посериозните хакери ќе настојуваат да ги искористат овие грешки за сопствени цели, вели Фергусон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
49 г.п.н.е. - Гај Јулиј Цезар (римски...
1769.- Роден е францускиот офицер Мишел Неј,...
1778.- Умре Карл фон Лине, шведски...
1862.- Умре американскиот пронаоѓач Семјуел...