Според весникот The New York Times, првото јавно претставување на следното издание на Windows може да биде веќе идниот месец на саемот Consumer Electronics Show во Лас Вегас.

За сега многу малку се знае за Windows 8, така да нема сигурни информации за новите можности и службеното излегување. Во статијата на Times само уште се наведува дека Microsoft ќе стартува сопственa продавница за апликации за Windows, слична на Chrome Web Store.
Исто така се наведува дека претставниците на Microsoft за време на уводниот говор ќе објават повеќе детали за понудената верзија за таблет компјутерите. Исто така, помеѓу другото, се очекува претставување на таблет од Samsung кој ќе се темели на Windows 7 и кој ќе има тастатура на лизгање, а димензиите и обликот ќе бидат слични на iPad.
