Време е да направите апдејт на старата поговорка „ладни раце, топло срце“ или пак народски кажано „студените раце - одлични креветски вештини.

Научниците утврдиле поврзаност меѓу физичката и емоционалната топлина.
Истражувачите утврдиле дека луѓето кои 10 до 25 секунди држат врел филџан кафе имаат потопол однос кон непознатите лица. Доколку држат чаша со изладено кафе, односот им е постуден.
„Доколку сакате да оставите добар впечаток, тогаш филџанот топло кафе може да ја сврти ситуацијата во ваша корист“, вели Лоренс Вилјамс, автор на студијата.
Истражувањето е само уште еден доказ за поврзаноста на физичката и емоционалната реакција.
„Нашите ментални процеси не се одвоени од телесните процеси“, вели Џон Барг, од универзитетот Јеил.
Во вториот експеримент, научниците побарале од 53 испитаници да држат в раце или ладна или топла подлога. Потоа како награда им било понудено да одберат ладен пијалак кој ќе го пијат сами или пак сладолед кој ќе го поделат со некој друг. Педесет и четири отсто од испитаниците кои ја држеле топлата подлога избрале сладолед, а 46 отсто избрале ладен пијалак за себе. Седумдесет и пет отсто од другата група која држела ладна подлога избрала награда која нема да ја поделат со друг.
Научниците сметаат дека поврзаноста на температурата и емоционалната топлина започнува уште во мајчина утроба, каде топлината се поврзува со храна, сигурност и љубов. Тие сметаат дека филџанот топло кафе или пак топлата бања може да ги активираат сеќавањата на тие чувства.
