Deutsche Welle

Што ја одбележува епохата на модерната биологија?

Еволуција на човекот
Сите живи суштества потекнуваат од еден единствен вид, тврдеше Чарлс Дарвин пред 150 години. Mодерната генетика ја потврдува оваа констатација. Врз овие сознанија таа продолжи да се развива понатаму.

Набљудувајќи ја природата, Чарлс Дарвин дошол до револуционерното сознание дека сите живи суштества потекнуваат од еден единствен вид. Во тоа време, пред 150 години, оваа констатација била храбра шпекулација, но Дарвин имал право. Најдобар пример за тоа се таканаречените Дарвинови сипки, еден вид птици што живеат само на островот Галапагос. Тие сите имале различни клунови. Некои имале краток и широк клун за да можат полесно да ги кршат семињата и оревите, други, пак, имале тенки и долги клунови да за можат да навлезат во цветовите. Дарвин заклучил дека тие морале да потекнуваат од исти предци и се развиле во текот на еволуцијата преку адаптација на природата.

Научниците гледаат со почит кон Дарвин

Научникот и пронаоѓач на структурата на двојната спирала на ДНК, Џејмс Вoтсон, со право вели:

„Чарлс Дарвин за мене е најзначајната личност, која воопшто живеела на земјава.“

Џејмс Вoтсон и Френсис Крик во 1953 година дојдоа до едно откритие, што ја потврдува Дарвиновата теорија за еволуцијата. Двајцата научници го открија хемискиот модел, односно кодот на развој, што секое живо суштество го носи во своите клетки. Тоа се четирите букви на кодот на ДНК. За ова откритие Вотсон и Крик ја добија Нобеловата награда за медицина во 1963 година:

„Во секоја епоха има особено важни моменти и достигнувања. Во модерната биологија во последниве 200 години тоа беа две работи: книгата на Дарвин, ’Потекло на видовите’ во 1859 година и откривањето на структурата на ДНК од страна на Вотсон и Крик во 1953 година“, вели Едвард Озборн Вилсон, најпознатиот биолог на денешнинава, кој ја проучува еволуцијата на видовите.

Мендел даде значаен придонес во модерната биологија

Грегор Мендел
Меѓу Дарвин и Вилсон и Крик има уште еден научник кој остави белег во модерната биологија. Тоа е Грегор Мендел. Тој на Дарвин му ги испраќал своите откритија, до кои доаѓал при обиди со вкрстување на грашок, вели научниот историчар Ернст Петер Фишер:

„Овие сознанија на Дарвин не му биле познати. Тој добил примерок од резултатите на испитувањата, но познато е дека никогаш не го прочитал. Значи, нему не му биле познати таканаречените Менделови закони на наследувањето и затоа не можел да го објасни механизмот за наследни особини.“

Благодарение на Грегор Мендел и Ватсон и Крик, научниците успеале да ја решат загатката на Дарвиновите сипки. Со помош на анализата на ДНК, може да се следи еволуцијата на живите суштества, но и да се заклучи како таа го оформува и менува нивниот изглед. Со активирање на одредени гени се произведуваат одредени протеини во клетката. Така на пример, доколку се активира генот одговорен за протеинот „БМП4“, тогаш клунот на птиците станува краток и широк. Доколку, пак, се активира генот за протеинот „калмодулин“, тогаш клунот станува долг и тенок.

Не се потребни нови гени за да настанат нови видови

Денес научниците знаат дека еволуцијата не настанува со промена на гените, туку со активирање и деактивирање на различните гени. Ова објаснување на т.н. „генетски активатори“ го потврдува фактот дека не постојат специфични „човечки гени". Човекот има околу 21.000 гени, исто колку што има и глушецот. Во најголем број се работи за истите гени. Значи, не се потребни нови гени за да настанат нови видови. Тие едноставно треба да се комбинираат и активираат на различни начини.

Во оваа област истражува и биологот Кристиане Нуслајн-Волхард. Таа во 1995 година ја доби Нобеловата награда за медицина и предупредува дека со гените и еволуцијата не смее да се експериментира:

„Основната грешка што ја прават луѓето е во тоа што кога ќе разберат како нешто функционира, мислат дека тоа можат и да го променат. Доколку познавам некој ген на човекот, со одредени особености, не значи дека можам да го менувам и да создадам човек со манипулирани гени. Организмот е комплексна структура. Практично не постои можност да се менува некој ген, без притоа да дојде до несакани последици“, објаснува биологот Волхард.

Дарвин останува највлијателен научник на сите времиња

Британскиот биолог Чарлс Дарвин
Меѓутоа, други научници што ги истражуваат гените имаат поинакво мислење. На пример, американскиот биохемичар Крег Вентер, кој со својата фирма „Селера Геномикс“ прв пронајде метод за брзо секвенцирање на човековиот ген. Неговите визии за еволуцијата се авантуристички:

„Можеби звучи како научна фантастика, но дизајнот и генетската селекција ќе ја заменат Дарвиновата еволуција“, вели Вентер.

Интересни изјави, на кои Дарвин само би се насмеал. Неговите теории за еволуцијата, по објавувањето на книга за потеклото на видовите пред 150 години, често беа критикувани. Но, Чарлс Дарвин останува највлијателниот и најзначајниот научник на сите времиња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Која е разликата помеѓу македонската и италијанската мафија.
- Италијанската мафија е во илегала!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1492. - Христофер Колумбо, откривајќи ја Америка,...
1532.- Шпанскиот конквистадор Писаро, само со...
1577. - Сер Франсис Дрејк, англиски гусар,...
1630. - Во Регенбург умре Јохам Кеплер,...