Мачките не се интелигентни животни?

Веројатно ова ќе ги разочара сопствениците на мачки, но новата студија покажа дека овие животни не се интелигентни како што досега се мислеше.

Психологот Брит Остахаус утврди дека на мачките им недостига свест за причина и последица, што е утврдено со серија испитувања.

Пред мачките е ставена порција храна, врзана за кратко јаже, заедно со уште две порции кои не биле со ништо врзани. Мачките од храната биле одделени со проѕирна преграда, така што можеле да видат која од порциите е врзана со јаже и нема да може лесно да ја добијат.

За разлика од кучињата, мачките не дошле до заклучок кој избор побрзо ќе ги донесе до храната, туку тоа го правеле по принципот на случајност.

- Ова е збунувачки факт, призна Остахаус, од универзитетот „Cantebury Christ Church“.

Мачките честопати ги користат своите шепи и канџи за играње, поради што се очекувало дека искуството на тоа поле ќе даде и подобри резултати.

- Кучињата поуспешно ја решаваа задачата. Мачките не се глупави, но се поинакви. Не треба да очекуваме нешто што е надвор од нивните граници. Мораме да ги набљудуваме работите од нивен агол, вели Остахаус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Малиот Трпе го прашува татка си.
- Тато како доаѓаат на свет бебињата?
- Пааа, види сине, како да ти кажам, штркот ги носи.
- Тато, тогаш кој го секса штркот?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1437.- Шкотскиот крал Џејмс Први е убиен од...
1513.- Умре папата Јулиј Втори, кој на чело на...
1613.- На рускиот престол дојде Михаил Романов,...
1677.- Во Хаг умре Барух Спиноза, холандски...