
Нови фосилни остатоци од различни видови животни се пронајдени недалеку од Франкфурт, на палеонтолошкото наоѓалиште познато како Месел.

Според информациите станува збор за изумрени видови кои припаѓаат на Masillamys групата.

Месел кој се наоѓа на 20 километри јужно од Франкфурт, некогаш според тврдењето на научниците во време пред 47 милиони години, бил на иста надморска височина како денешна Сицилија, каде климата е влажна и топла, а поддржува и богата разноликост на растенија и животни.

Поради тоа меѓу ископините се пронајдени различни видови рептили и инсекти чиј број се мери во илјадници примероци. Ископувањата ги предводел истражувачкиот институт Senckenberg од Франкфурт. Како што покажуваат фотографиите се работи за древни глодачи, рептили и инсекти кои во ова подрачје живееле пред 55,8 и 33,9 милиони години. Тогаш ова подрачје било вулканско езеро опкружено со густа шума.

Некои артефакти се изложени во музејскиот дел на институтот кој ги пронашол, а вие погледнете ги интересните фотографии кои беа прикажани во јавноста.