Создаден првиот синтетички живот

Американските научници ја создадоа првата синтетичка клетка – жив организам кој се контролира со синтетички геном, пишува магазинот Science.

- Ова е прва синтетичка клетка што досега воопшто е направена, изјави пионерот на генетиката Крег Ветнер.

На експериментот пет години работеа група научници кои за постигнување на целта потрошија околу 30 милиони долари.

Тимот на Ветнер прво хемиски синтезирал геном на бактерија користејќи геном од бактеријата Mycoplasme mycoides. Потоа овој геном од бактеријата е вметнат во друга Mycoplasmu mycoides.

Новата бактерија се реплицирала над милион пати, притоа сите копии имале вештачка, синтетичка ДНК која ги контролирала. Новиот облик на живот Ветнер го нарекол Synthia.

- Ова стана особено моќно оружје за тоа што сакаме биологијата да направи. В предвид имаме цела палета на примена, вели Ветнер.

Научниците тврдат дека оваа метода може да помогне при разбирање на функцијата на животот и да придонесе за развивање на биогориво и чиста средина. Истражувачите исто така планираат да создадат алги кои ќе го впиваат CO2.

Оваа метода може да се користи за забрзано производство на вакцини, но и за создавање на хемикалија за чистење на загадените води.

Проектот е спроведен во калифорниската компанија Synthetic Genomics Inc. (SGI), која ја Вентер ја основа и ја води.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1478.- Роден е Томас Мор, англиски хуманист,...
1792.- Австрија и Прусија склучија сојуз против...
1812.- Роден е Чарлс Дикенс, англиски писател,...
1863.- На британскиот воен брод „Орфеј“, кој...