Ензим откриен во коренот на сојата би можел да биде клучен за развој на автомобилите кои се движат на воздух. Ензимот vanadium nitrogenase, кој инаку произведува амонијак од азотниот гас, може исто така да го претвори јаглерод моноксидот во индустриски биопроизвод пропан, гас кој гори со син пламен.

Научниците предупредуваат дека истражувањето сè уште е во почетна фаза, но дека тоа може да доведе до нови начини на создавање на еколошки прифатливо гориво или па дури и бензин од воздух, објавува ABC News.
Azotobacter vinelandii е бактерија која се наоѓа во ензимот на сојата.
Фармерите го ценат ова растение кое ги содржи овие бактерии бидејќи тоа ги користи ензимите кои бескорисниот азот го претвораат во амонијак и во други хемикалии кои го поттикнуваат растењето на останатите билки.
Научникот Маркус Риб од универзитетот во Калифонија во соработка со колегите го изолирал ензимот и успеал да го претвори азотот во амонијак. Потоа го отстранил азотот и кислородот во ензимот и просторот го пополнил со јаглерод моноксид.
Без кислород и азот, ензимот започнал да го претвора јаглерод моноксидот во мали синџири на јаглерод, кои се состојат од два или три атоми. Троен синџир на јаглерод всушност е пропанот кој се користи за готвење во кујната.

Новата функција на ензимот vanadium nitrogenase е значајно откритие кое во иднина ќе овозможи производство на автомобили чии мотори ќе користат „воздушно-батериски“ погон, тврдат научниците.