Научниците од Универзитетот во Единбург тврдат дека по двегодишно истражување развија нов вид на биогориво за автомобили врз основа на шкотско виски.
Новото гориво под име „бутанол“ е добиено со комбинација на талогот од бакарните казани за дестилација на вискито и остатоците од житарките кои се користат во производството на познатиот шкотски пијалок.
Научниците тврдат дека „бутанолот“ можат да го користат сите типови автомобили и оти конверзија на моторот не е неолпходна.
- Новото биогориво се произведува од остатоците на биолошкиот материјал и затоа не се потребни нови посеви, изјави директорот на проектот Мартин Тангнеј, додавајќи дека планира да основа компанија која би го дистрибуирала „бутанолот“ на бензинските станици ширум Велика Британија.
