Отсекогаш сме знаеле дека жените се опасни за нас. Секако, тоа не значи дека треба да бегаме од нив. Но, едно истражување потврди дека кога мажите велат дека жените им го скратуваат животот, всушност ја зборуваат вистината.
Имено, ако за срцето на една жена се натпреваруваат повеќе мажи, тоа им го скратува животот на мажите за три месеци. Овие резултати произлегоа од едно неодамнешно кинеско-американско истражување.
- Иако можеби три месеци не звучат толку многу, можеме да ги споредиме со секојдневно консумирање на аспирин, објаснува Nicholas Christakis од универзитетот Харвард.
За целите на истражувањето научниците испитаа генерација на мажи кои оделе заедно на училиште во 1957 година. Се воспостави дека мажите кои биле во одделенија во кои имало помалку девојки, живееле пократко. Што значи, повеќе момчиња истовремено биле заинтересирани за одредена девојка и се обидувале да го освојат нејзиното срце.
Истражувачите сметаат дека освојувањето и борбата со конкуренцијата кај мажите предизвикува стрес. А познато е дека стресот има негативни последици врз нашето здравје.