Италијанецот Рафаеле Бенданди, кој починал во 1979 година, тврдел дека на 11 мај 2011 година Рим ќе го погоди катастрофален земјотрес, поради што жителите на централна Италија ги фати паника.
![](http://images.idividi.com.mk/images/v205671p0.jpg)
Предвидувањето на Бенданди е тема на многу италијански портали, блогови, за тоа се расправа и на социјалните мрежи, па дури и италијанската телевизија RAI се позанимава со оваа тема смирувајќи ги граѓаните.
Бенданди се родил во 1893 година, а весникот „Кориере дела сера“ уште во 1924 година го нарече „човекот кој предвидува земјотреси“, бидејќи го предвидел земјотресот кој на 2-ри јануари се случил во подрачјето на Јадранот. Земјотресот го најавил една година претходно.
Во текот на животот го сметале за шарлатан, а тој тврдел дека земјотресите се последица на движењето на планетата, Месечината и Сонцето и оти може да се предвидат.
Предвидел неколку земјотреси - 13-ти јануари во Авинцена, 11 степени според Меркалиевата скала, загинаа околу 30.000 лица; 6-ти мај 1976 година во Фриули, загинаа 1.000 лица; како и земјотресот на 2-ри јануари 1924 година во Сенегал.
![](http://images.idividi.com.mk/images/26874_pnw_small_raffaele-be.jpg)
Неговите предвидувања не биле 100 процентно точни - ги погодил местата, но го утнал датумот за ден-два.
Како што пишува страницата „Предиктионсфор 2012“, Бенданди предвидел дека големи земјотреси ќе се случат во 2011 и 2012 година.
Луѓето кои ги проучуваат неговите трудови тврдат дека во неговите документи не е наведено местото на кое ќе се случи, па имајќи предвиде дека годинава се случи страшниот земјотрес во Јапонија, веруваат оти Рим утре ќе остане неоштетен.
![](http://images.idividi.com.mk/images/raffaele-bendandi.jpg)
Други пак тврдат дека во неговите документи јасно стои оти на 11-ти мај 2011 силен земјотрес ќе го погоди Рим.
Многумина Италијанци се присетуваат на земјотресот во Аквилеја од 2009-та во кој загинаа 300 лица, а кој го предвидел италијанскиот научник Џоакино Џулијани.
Џулијани тогаш беше пријавен поради ширење паника, бидејќи ги предупредил граѓаните да се иселат од градот.