Британскиот теоретски физичар Стивен Хокинг во своето последно интервју за весникот „Guardian“ говори за смртта, паралелните светови, целта на човековото постоење и опстанокот на луѓето на Земјата. Меѓу другото, истакна дека рајот не постои и оти тоа е само бајка.
Хокинг на почетокот на разговорот вели дека задгробниот живот, рајот и пеколот се само „бајки“ за луѓето да се плашат од смртта.

Истакнатиот британски научник во 21-та година од животот бил дијагностициран со болест на моторните неврони. Многумина верувале дека таа неизлечлива болест ќе го убие за само неколку месеци, но, како што тврди тој, поради болеста уште повеќе ужива во животот.
- Веќе 49 години живеам со таа мисла дека ќе умрам млад поради болеста. Не се плашам од смртта, но се брзам да умрам. Има уште многу работи кои сакам да ги направам, вели Хокинг.

- Сметам дека мозокот е ист како компјутерот – престанува да работи кога ќе откажат неговите составни компоненти. Не постои рај ни задгробен живот за расипаните компјутери, сето тоа се само бајки за луѓето кои се плашат од темнината, вели Хокинг.
Физичарот додал дека постои остра линија меѓу користењето на Господ како метафора и верување во семоќниот создавач кој управува со сè.

Во интервјуто за Guardian научникот вели дека човекот мора да знае добро го искористи својот живот на Земјата, а тоа може да се постигне со постојано трагање по вредноста на нашето постоење.
Хокинг говори и за М - теоријата, односно паралелните светови. Смета оти според таа теорија, Вселената треба да има 11 димензии, вклучувајќи ги димензиите време и трите познати просторни димензии.
Токму за тоа 69 годишниот научни денеска говори во Лондон на Google Zeitgeist, кој ќе се позанимава со прашањето „Зошто сме тука“.

На прашањето „Зошто сме тука“, авторот на „ Кратка историја на времето“ вели дека малите флуктуации во раните фази на Вселена станале семиња од кои се создале галаксиите, ѕвездите, и на крајот на човекот.
- Науката предвидува дека многу различни видови на универзум спонтано ќе настанат од ништо. Нашето постоење е прашање на чиста случајност, вели Хокинг.