Енергија која ќе ја уништи Вселената

Силата која астрономите ја нарекуваат „енергија на темната материја“ во иднина толку многу ќе ја растегне вселената што ќе излезе надвор од границите за детекција, а галаксиите, ѕвездите и планетите ќе бегаат од окото на научниците побрзо и од брзината на светлината. Кога астрономите од иднината ќе погледнат во небото ќе помислат дека ние Земјаните сме единствени во вселената.

Ни најосетливите детектори, па дури ни остатоците на радијација кои зад себе ги остави „Големата експлозија“ нема да им биде од помош на научниците кои ќе се обидуваат да ги проучат далечните галаксии и оддалечените ѕвездени тела.

- Ништо не може побрзо да се движи низ просторот побрзо од брзината на светлината, но просторот, барем колку што ние знаеме, може да прави „што ќе посака“, изјави  астрономот Лоренс Краус од државниот универзитет во Аризона за време на состанокот на Американското здружение за напредок во науката.

Научниците открија дека некои делови од вселената се движат побрзо од светлината и тоа без помош на темната енергија.

- Кога нешто такво се случува, просторот со себе ги носи сите објекти кои се наоѓаат во него. Слично како сурферите на брановите. Светлоста на овие ѕвезди не може да стигне до нас, што ќе доведе до тоа Вселената да исчезне пред нашите очи, објасни Краус.

Сепак, нема причина за паника, бидејќи според сегашните проценки на брзината на ширење, мрачниот период ќе дојде дури за околу 50 милијарди години. Тогаш Сонцето веќе одамна ќе биде мртво, како и Земјата, но нашата цивилизација сигурно ќе колонизираа други планети од нашата галаксија.

-Сосема разумно е да се очекува дека некои други цивилизации, не толку различни од нашата, ќе живеат во нашата Вселена, но таа ќе биде празна и црна, вели Краус.

Истражувачите, кои трагаат по причината за оваа фасцинантна природна појава, која постепено и полека ја развлекува за нас познатата Вселена, уверени се дека ја пронашле „вината“ за оваа појава – гравитациските бранови. Експертите сметаат дека гравитациските бранови се скриени во заднинското зрачење кое останало од „Големата експлозија“.

-Мислам дека следната деценија ќе дознаеме дали воопшто може да се откријат овие гравитациски бранови, а потоа откако ќе ги откриеме ќе може да се позанимаваме со нив, вели Алек Гут, Институтот по технологија во Масачусетц.

Во текот на месецов Европската вселенска агенција треба да го лансира Планк телескопот кој ќе почне да го проучува заднинското зрачење. До решението на оваа вселенска загатка научниците можеби ќе дојдат со помош на Големиот хадронски судирач, кој се наоѓа во близина на Женева.

-Живееме во особено интересен период, а тоа за првпат можеме и емпириски да го потврдиме, заклучи Клаус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден ден се изгуби жената на поглаварот и ние ја најдовме. Тој ни даде да и се качиме по еднаш. Другиот ден се изгуби жената на врачот, ние ја најдовме и тој ни даде да и се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост...
Верски календар
На денешен ден
1443.- Роден е италијанскиот свештеник Џулијано...
1560.- Умре францускиот крал Франсоа Втори, кој...
1771.- Во Падова умре Џовани Батиста Моргањи,...
1791.- Во Виена умре Волфганг Амадеус Моцарт,...