При истражувањата на пространствата на планетата Марс научниците пронајдоа карпи за кои се верува дека содржат фосилизирани остатоци од некогашни живи суштества, јавува BBC.
Тимот предводен од научниците од Калифорнискиот институт за пронаоѓање на вонземски цивилизации (Seti) објавува дека хидротемални процеси се исти како и на земјата кои ги зачувале остатоците на животот на Марс во неговата област позната како Nili Fossae.
Тие карпи се стари околу четири милијарди години. Карбонатот на нив прв пат е откриен во 2008-ма година, а тоа откритие ги воодушеви научниците бидејќи претставува дефинитивен доказ дека црвената планета некогаш имала услови за постоење на живот.
Адријан Браун од институтот Seti го предводел ова истражување. Тој го користел инструментот на НАСА познат како Crism за да ги проучува карпите во областа Nili Fossae со помош на инфрацрвен зрак. На ист начин биле проучувани карпите во Пилибар во Австралија.
- Со ова добиваме увид во тоа што се случувало во првите фази од настанувањето на Земјата, вели Браун кој додава: Само живот може да формира вакви облици, а не геолошките процеси.