Милијардерот Ричард Бренсон денеска најави дека неговата компанија „Вирџин галактик“ за 18 месеци ќе почне да нуди комерцијални летови низ вселената, а дека следниот чекор ќе биде градење хотел во вселената.
Леталото „Spacehip Two“, дело на инженерот Берта Ратана, осмислено да превезува патници, својот прв пробен лет го изведе уште во март, полетувајќи од пустина во Калифорнија.
-Осумнаесет месеци не делат од превезувањето луѓе во вселената, рече Бренсон на деловната конференција во Куала Лумпур, додавајќи дека трошоците за патот ќе чинат од 200.000 долари нагоре, пренесоа агенциите.
„Вирџин галактик“ има за цел да стане првата комерцијална компанија која ќе овозможи туриситички патувања во вселената. Таа веќе собра депозит од 45 милиони долари од повеќе од 300 лица, кои резервирале места во леталото со шест патнички седишта.