Компанијата Тојота Мотор Корп и Универзитетот од Токио заедно развиле прототип на робот со назив АР.
![](http://images.idividi.com.mk/images/robot_kukna_pomosnicka.jpg)
Роботот е во состојба да извршува куќни работи како што се чистење со правосмукалка, раскренување после оброк, бришење прашина и ставање на нечистите алишта во машина за перење. Роботот може и да го поместува мебелот за да чисти со правосмукалката.
Роботот е висок 155 сантиметри, тежок 130 килограми и се движи со помош на тркала.
![](http://images.idividi.com.mk/images/robot-laundry-toilet1.jpg)
Специјалната технологија овозможува овој робот да ги разликува објектите како што се мебел и опрема за чистење и одржување хигиена. Порано роботите биле во состојба само да ракуваат со цврсти предмети. АР ги препознава облеките и ги крева дури и ако ги испушти.
Роботот е опремен со две раце, поседува пет камери за препознавање и ласерски сензор. Моменталната подвижност на АР не е голема бидејќи е бавен и несмасен но се очекува дека наредните верзии би можеле да донесат подобрување во брзината и ефикасноста.
Тојота и Универзитетот во Токио веруваат дека комерцијалната верзија на овој робот би можела на пазарот да се појави за околу седум години.