Јапонскиот гигант „Sony“ усовршува нов повеќејадрен процесор за новата конзола Playstation 4, објави TechRadar, повикувајќи се на јапонскиот популарен магазин PC Watch Impress.
Неодамна беше објавено дека професионалците од „Sony“ пробале за потребите на новата гејмерска конзола да го прилагодат процесорот „Intel Larrabee“ во комбинација со модифицираната верзија на „Cell“, но не биле задоволни со постигнатите резултати. Потоа Intel објави дека „Larrabee“ ќе излезе во текот на 2010 година и ќе служи само како платформа за усовршување на софтверот.
Процесорот „Cell“ кој го контролира работењето на Playstation 3 го произведува заедничката фирма на „Sony“, „IMB“ и „Toshiba“. По четиригодишно усовршување се користи и во суперкомпјутерите, меѓу кои е IMB Roadrunner.
Гејмерските конзоли од новата генерација активно се усовршуваат. „Nintendo“ и Microsoft“ најавија дека за околу три години ќе извадат новитети на пазарот. Според прогнозите на PC Watch Impress, веќе во 2012 година ќе биде понудена верзијата Wii HD, додека кон крајот на 2013 година ќе излезат и Playstation 4 и новиот Xbox.