Од сите чуда на технологијата кои ќе ги видиме оваа година, титулата за најинтересно технолошко достигнување секако ќе ја понесе флексибилниот екран на Sony OLED. Овој екран кој можете да го намотате околу пенкало и ги прикажува сите бои, ќе ја отвори вратата за новите, возбудливи гаџети.
Флексибилниот екран има дијагонала од 4,1 инчи и дебел е само 80 микрометри. Лесно е да го замотате околу цилиндричен предмет без да пукне или да престане да работи.
За да го створи овој екран, Sony прво разви тенок филм со органски транзистори кои ги интегрира на тенката флексибилна подлога.
Резолуцијата на екранот е 432x250 пиксели.
Sony не објави кога овие екрани ќе се најдат во продажба ниту пак во какви уреди ќе се најдат, но можеме да ги замислиме електронските новини и мобилни со Sony OLED екрани.