Apple продолжува многу агресивно да докажува дека и другите произведувачи на smart телефони имаат слични проблеми со приемот на сигналот како и iPhone 4.

Така компанијата отвори посебна страница на која се покажани проблемите со приемот на сигналот на различни произведувачи, доколку уредот се држи на одреден начин. Прво се покажи проблемите со приемот на сопствениот iPhone 4, а потоа слични проблеми се демонстрирани на уредите од другите произведувачи. Видео исечоците се достапни и на YouTube.

Во најновиот таков видео исечок е покажано како паѓа јачината на сигналот на новиот Motorola Droid X, кој многумина го прогласија за најголем конкурент на iPhone 4.