Веројатно сите го знаат фактот дека појадокот е најважниот оброк во денот.
Повеќето возрасни не се придржуваат кон ова правило, меѓутоа таква е вистината.
Најчесто напнатоста наутро е резултат на непојадувањето.
Истражувањата покажаа дека децата кои редовно појадуваат имаат подобри резултати на училиште. Истото се однесува и на возрасните, секој мора да се труди да не го прескокне појадокот.
Јадењето на слатки печива за појадок е лоша идеја, заради таков појадок може да се случи луѓето да прескокнат квалитетен оброк полн со хранливи состојки бидејќи шеќерот ќе им даде доволно енергија за работниот ден.
Секојдневно појадокот треба да биде најквалитетниот оброк. Прескокнувањето на појадокот е многу честа стратегија кога луѓето слабеат, но не е најпаметна.
Слабеењето со прескокнување на оброци не е здрав начин на губење на килограмите, така изгубени килограми лесно се враќаат. Телото на човекот очекува енергија неколку пати во денот, а се започнува со здравиот појадок.
Појадокот е добар за слабеење. Всушност, луѓето кои појадуваат веројатно во текот на целиот живот ќе задржат здрава телесна тежина.
{И.Ј}