Материја присутна во кората на мандарините може да ги уништи клетките на некои видови на рак, утврдиле научниците од британското фармацевтско училишта „Leicester“.
Салвестрол Q40 во многу поголема мера е присутен во кората, отколку во самото овошје, а спаѓа во групата на фитоалексини, хемиски соединенија кои растенијата ги произведуваат како одбранбен механизам од напаѓачи како што се инсектите или габите.
Лабораториските испитувања покажале дека оваа материја кога ќе се најде внатре во клетките на ракот станува токсична, притоа предизвикувајќи уништување на овие клетки.
Оваа трансформација е последица на ензимот P450 CYP1B1 чие ниво е зголемено во клетките на ракот. Салевестролот Q40 за нив е 20 пати потоксичен отколку за здравите клетки.
Наодите укажуваат на можноста дека современите трендови за отфрлање на кората на ова овошје, можно е да придонело за зголемената појава на одредени облици на карцином.
Научниците веруваат дека на база на нивната студија ќе може да се развијат нови, природни третмани на рак.
Салвестролот е присутен и кај други видови на овошје и зеленчук, како на пример брокулата.
Неговото ниво е поголемо доколку насадите биле изложени на некои инфекции, така што користењето на пестициди и фунгициди придонесува за помала присутност на салвестролот.
(Д.Т)