Хемиските состојки присутни во чоколадата, чајот, грозјето и боровинките може да го подобри помнењето, утврдиле американските научници од Салк институтот.
Истражувањето е спроведено врз глувци, а се планираат тестови со кои ќе се провери влијанието на епикатехинот и кај луѓето.
Резултатите објавени во „Journal of Neuroscience“ сугерираат дека епикатехинот го подобрува протокот на крв во мозокот, посебно во комбинација со физичка активност.
Нутриционистите предупредуваат дека чоколадата изобилува со масти и шеќери кои би можеле да го поништат позитивното влијание на епикатехинот.
Постарите истражувања за соединенијата од групата на фаланол, во која спаѓа и епикатехинот може да придонесат за подобрување на здравјето на кардиоваскуларниот систем.
(Д.Т)