Јадењата кои содржат домати би можеле да станат вистинско оружје во борбата против брчките и изгорениците кои се последица од претерана изложеност на сонце, веруваат британските научници.
Истражувачите од универзитетите во Манчестер и Њукасл утврдиле дека дополнителното консумирање на јадења кои содржат домати може значително да ја поправат заштитата на кожата од ултравиолетовите зраци.
Оштетувањата кои се предизвикани од овие зраци може да доведат до предвремено стареење, па дури и рак на кожа.
Научниците позитивното влијание на доматите го објаснуваат си присутноста на антиоксидансот ликопен, чие ниво дополнително се зголемува при варење.
Ликопенот во разни студии е поврзуван со намалување на ризикот од рак на простата.
Новите податоци покажуваат дека тримесечната исхрана со зголемен внос на домати може за третина да зголеми заштитата на кожата од изгореници предизвикани од претерано сончање, дејство кое го имаат кремите за сончање.
Исто така е утврдено дека зголемената консумација на домати доведува до зголемување на нивото на проколагенот, молекула која ја одржува структурата и цврстината на кожата.
(Д.Т)