Девојчињата кои во периодот на детството јадат многу месо го добиваат првиот менструален циклус порано од останатите, сугерира едно научно истражување.
Британските научници за потребите на истражувањето ја споредија исхраната на 3000 дванаесет годишни девојчиња. Од резултатите е утврдено дека големата консумација на месо на тригодишна возраст (повеќе од три порции во текот во една недела) и на седумгодишна возраст (12 порции) е поврзана со раниот менструален циклус.
Според истражувачите, исхраната богата со месо го подготвува телото за бременост, поттикнувајќи ран пубертет.
За време на 20-от век просечната возраст на која девојчињата добиваа прв менструален циклус драстично се намали, иако во овој период бележи мало зголемување.
-Месото е одличен извор на цинк и железо, материи кои имаат зголемено ниво во текот на бременоста, истакнува доктор Имоген Роџерс, предводник на истражувањето.
Иако раниот менструален циклус често е поврзуван со зголемен ризик од рак на градите, сепак научниците велат дека девојчињата не треба премногу да го намалат месото од исхраната, бидејќи јадењето месо во суштина создава услови за добра бременост.