Доколку се пие во умерени количини, пивото е најздрав алкохолен пијалак, се наведува во извештајот на организацијата Beer Academy, која им помага на луѓето да уживаат во пивото.

Пивото е богато со витамини, минерали и антиоксиданси, содржи значаен процент на растворливи влакна, а има релативно ниска калорична вредност во однос на другите алкохолни пијалаци.
- Пивото содржи витамини кои ви помагаат да ја задржите рамнотежата на здравата исхрана, минералите како силициум кој го намалуваат ризикот од остеопороза и апсорбирањето на антиоксиданси, изјави портпаролот на Beer Academy.

Спроведеното истражување покажа дека 68 отсто од Британците сметаат дека пивото е нивен национален пијалак, 10 отсто изјавиле дека пивото содржи маснотии, додека 13 отсто мислат дека овој алкохолен пијалак се состои од хемикалии, а не од јачмен и хмељ, пренесува Daily Mail.