Соодветната исхрана може да го регулира стресот. Виенскиот професор Хадемар Банкхофер изработил анти - стрес план за исхрана.
Помеѓу 16 и 17 часот
Борбата против стресот почнува уште во попладневните часови. Најдобро е да се почне со еден оброк од јогурт и свежо овошје. Јогуртот го зголемува резервите на двете аминокиселини, триптофан и тирозин во крвта. Овие две протеински компоненти предизвикуваат умор и го оштрат умот, а пред се, концентрацијата. Позитивните бактерии во јогуртот носат мир и хармонија во вознемирената цревна флора поради стрес.
Околу 18 часот
Ова е време за овошје, на пример, две јаболка, еден грејпфрут, две мандарини или еден портокал. На тој начин организмот се обезбедува со овошен шеќер, доволно за да може мозокот да го произведува хормонот на среќата.
Помеѓу 18 и 20 часот
Банкхофер во ова време препорачува динстан зеленчук со клици од соја. Зеленчукот го овозможува антистресниот минерал магнезиум, а клиците од соја даваат Б витамин кој ги зајакнува нервите. Во менито треба да ја има и рибата, бидејќи белковините помагаат да исчезне стресот.
Алкохол не треба да се внесува 15 минути по јадењето. Ни кафето не помага во борбата против стресот, туку чајот од камилица. Камилицата содржи етерични масла кои делуваат во опуштање и смирување на нервниот систем.