Мажите кои биле обрежани добиваат двојна заштита од сида и вирусот кој предизвикува рак на грлото на матката кај жените, покажуваат истражувањата.
Трите нови студии на оваа тема, покажаа дека обрежувањето го намалува ризикот од сексуално преносливите болести кај мажите и кај нивните партнерки. Истражувањата објавени во Journal of Infections Diseases предвидуваат дека во иднина ќе се актуализира прашањето за тоа дали мажите и новороденчињата треба да бидат обрежувани.
Доктор Бертран Ауверт од Универзитетот Версај заедно со неговите колеги од Јужна Африка тестирале повеќе од 1.200 мажи, при што дошле до резултати дека помалку од 15 отсто од обрежаните мажи и 22 отсто од необрежаните, се инфицирани со human papilloma вирусот, што е главен причинител за рак на грлото на матката или некои други генитални заболувања. Едно од истражувањата, кое се спроведувало во Балтимор, покажува дека висок ризик за HIV вирусот постои кај 10 отсто од обрежаните и кај 22 отсто од оние кои не се обрежани.
Резултатите ќе бидат дополнително разгледани, земајќи предвид дека повеќе од 33 милиони луѓе од светот боледуваат од СИДА, а ракот на матката годишно убива 300.000 жени од целиот свет.