Сите се согласуваме дека изметот е навистина една од подобрите работи кои му се случуваат на организмот. Но, понекогаш итното посетување на WC мора да го одложиме, ако сме на некој состанок, ако немаме време или пак ако патуваме. Па, често одложуваме сметајќи дека нема да се случи ништо лошо.
Да бидеме искрени, тоа не е добро. Зошто е тоа така?
Изметот е комбинација од отпадни материи и бактерии, како резултат на дигестивниот процес. Откако ќе јадеме, на телото му се потребни помалку од 53 часа да ја преработи храната која стои 40 часа во цревата. Кога сварената храна конечно достигнува до крајот, ректалните ѕидови се шират и праќаат сигнал до мозокот дека е време за нужда.
Сите одиме по нужда различно, некои неколку пати на ден, некои еднаш на неколку дена. Најважно е да се држите до некој распоред. Па така, кога мора да го посетите WC-то, најдобро е да го послушате вашето тело. Ако треба да го одложите, изметот се враќа во цревата, што воопшто не е пожелно за организмот.
- Задржувањето на изметот може да се практикува, но многу поретко, не треба тоа да го правите постојано. Имајќи го во предвид начинот на работа на дебелото црево, може да дојде до запек, бидејќи колку повеќе го држите изметот во цревата толку поцврст станува, објаснува д-р Алисон Чен, авторка на книгата „Што вели вашиот измет за вас“.
Со неговото мислење се согласува и општиот лекар Спенсер Надолски, кој додава дека овие фактори може да предизвикаат оштетување на цревата. Исто така, во блиска иднина може да имате проблеми со нормалната столица. Со тек на време цревата може да се преобликуваат. Исто така, кога се одложува нуждата, мускулите на ректумот праќаат сигнали да престанат да реагираат на итната ситуација, што понекогаш резултира со побавни празнења на цревата токму кога е вистинско време за тоа.
И двајцата експерти по ова прашање, се согласуваат дека не е штетно да ја одложувате нуждата од време на време, но не треба да се навикнете на тоа. Нареден пат, размислете дали можете пет минути да излезете од состанокот, за доброто на вашиот организам.