Алгоритам којшто го предвидува најефективниот третман за рак и други болести

Алгоритам развиен од истражувачи од шпанскиот Институт за биомедицински истражувања (ИБИ) и Центарот за геномска регулација (ЦГР) во Барселона може да предвиди кои лекови ќе бидат најделотворни за лекување на генетски болести и рак во конкретни случаи, според истражување објавено во списанието „Nature Genetics”.



Предвидувачкиот модел е алатка за јавна употреба и е наречен „RTDetective”. Тој овозможува забрзување на дизајнот, развојот и ефикасноста на клиничките испитувања за широк опсег на нарушувања предизвикани од мутации во ДНК коишто предизвикуваат синтеза на скратени или нецелосни протеини. Тие нецелосни протеини се создаваат кога нивната синтеза наеднаш ќе престане поради нивно запирање или блокирање.

Во многу случаи, овие нецелосни протеини не можат да ја извршуваат својата функција и тоа доведува до разни нарушувања, како што велат стручњаците.

Според нив, една од пет болести предизвикани од мутации на еден ген се поврзани со нецелосни протеини. Меѓу тие заболувања се цистичната фиброза и мускулната дистрофија.

- Нашето научно истражување не само што отвора нови патишта за третман на наследни генетски болести, туку уште поважно - и за третман на тумори, заклучи Фран Супек, раководител на научната лабораторија за податоци за геном во ИБИ Барселона и професор во Центарот за биотехнологија при Универзитетот во Копенхаген.

Истражувачите развиле експериментален систем заснован на човечки клеточни линии што им овозможи да ја измерат ефикасноста на осум различни лекови на 5.800 признаци коишто укажуваат на болест, пренесува српскиот портал „Политика“.

Истражувачите планираат да ја потврдат функционалноста на протеините произведени со новиот начин на лекување, што е клучен чекор во потврдувањето на нивната клиничка применливост. Шпанскиот тим планира да истражи и други приоди што ќе може да се користат во комбинација со овие терапии за да се зголеми ефикасноста на третманите, особено кај ракот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
После подолго време дошол поп во некое градче. Се собрале полно луѓе за да се исповедаат.
- Попе, јас 12 пати го мамев маж ми.
Пресметува нешто попов и вика:
- Ти забранувам 3...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1847.- По низа победи во...
1924.- Во познатите септемвриски горно-џумајски...
1977.- Во Хемшајр, во Англија умре Леополд...
1982.- На приодот на Монте Карло, во Франција во...