Рани знаци на деменција

Деменција е состојба на непрекинато опаѓање на функцијата на мозокот. Тоа може да влијае на помнењето, но и вештините за размислување, говор, разбирање и расудување. Затоа, важно е да се препознаат некои од најчестите симптоми.



Голем број луѓе се борат со деменција, но свесноста во општеството за тоа сè уште останува ниска. И покрај се почестите дискусии за менталното здравје, многу малку луѓе се свесни за предупредувачките знаци на деменција. Затоа, британскиот психијатар, проф. Ахмед Ханкир открива на кои симптоми треба да се обрне внимание, а тоа се: Заборавање работи, предмети или неодамнешни настани, губење нешта или нивно погрешно поставување, изгубеност и расеаност при одење или возење, проблеми во разговор, наоѓање зборови и тешкотии во извршувањето познати задачи.

Луѓето со деменција честопати се наоѓаат како бесцелно талкаат по улица, бидејќи се изгубени или не можат да ја препознаат својата околина, иако со години живеат во иста населба и улица.

- Лицата со деменција понекогаш забораваат некои нешта, на пример имињата на роднините и пријателите, датумите за состаноци или роковите за плаќањето сметки. Тие, исто така, може да заборават да ја исклучат рерната и да ја заклучат влезната врата. Тука е и честото губење предмети, на пр. клучеви или парични... На луѓето со деменција може да им биде тешко да ги изразат своите мисли и да разберат што зборуваат другите, па тоа ги отежнува разговорите. Покрај тоа, тие често се борат со едноставни задачи, како готвење или други секојдневни обврски коишто порано ги правеле со леснотија, појасни Ханкир.

Психијатарот посочува дека овие симптоми не мора да значат деменција, но ги советува сите засегнати лица да одат на лекар заради соодветна проценка и преглед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...