Научни истражувања: Особини што децата генетски ги наследуваат од родителите

Научниците сѐ уште не можат да дадат јасен и конечен одговор на прашањето: Што најмногу влијае на карактерот на една личност - дали тоа е околината, воспитувањето или гените?

Но, според истражувањата, веќе извесно е дека децата не го наследуваат само изгледот од родителите, туку и многу од нивните особини.

Гените имаат важна улога, на пр. кај музички таленти, но и други видови дарба. Одредени аспекти на музикалноста лежат исклучиво во гените и тоа е невозможно да се научи. Меѓу наследните особини кај децата се и фобиите, но и екстровертноста.

Причината за наследување на овие особини во голема мера лежи во предците, а не во тоа што родителите го запишале детето на воннаставни активности. Уште повеќе, науката забележува генетска врска и меѓу екстровертноста и нарушувањето на внимание и хиперактивност, пишува порталот „Кликс“.

Исто така, некои луѓе веруваат дека смислата за хумор е особина којашто се учи исклучиво во средината каде што личноста расте и живее. Со новите наоди, и тоа е веќе спорно.

Подложноста на стрес е уште една одлика што се пренесува од родителите на децата. Тоа значи: Ако мајката, на пр., била изложена на стрес за време на бременоста, можно е и нејзиното дете да биде поподложно на стрес подоцна во животот.

И склоноста да се штедат пари, се вели, е особина што едно дете ја наследува од своите родители. Имено, некои луѓе имаат генетски предиспозиции да штедат - без разлика на факторите приходи, пол или образование. Одредени луѓе имаат и помала веројатност да имаат лоши навики како пушењето и се помалку подложни на дијабетес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Тато, тато, зошто мама трча цик-цак?
- Ќути сине и пукај!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
На 28.03.2025 година во 05:00 часот до 07:00 часот на патот кон Р.Косово на околу 4км пред вториот кружен тек ќе се изврши подигнување на превртен камион со полуприколка, по што...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...