Истражувачи откриле што ја намалува плодноста на жената во староста

Според најново истражување, природната плодност на жената флуктуира помеѓу издигнувања и падови во форма на инверзна U-крива делумно поради природните грешки во хромозомите на човечките јајце клетки.



За да разбереме што тоа значи, мора прво да се осврнеме на основната репродуктивна биологија. За разлика од мажите чија сперма почнува да се формира кога ќе навлезат во пубертет, жените се родени со јајце клетки кои ќе ги имаат во текот на целиот свој живот, а кои се несозреани сè додека личноста нема менструален циклус.

Кога тие се „заспани“, еден вид на молекуларно лепило ги држи нивните хромозоми заедно. Подоцна, кога  созреваат, хромозомите се двојат, но колку што жената е постара, толку е поголем ризикот тој „лепак“ предвремено да ослабе.

Со испитување на 3000 јајце клетки од девојчина и жени на возраст од 9 до 43 години, истражувачите од универзитетот во Копенхаген откриле дека оние на тинејџерите и на жените во нивните 30-ти и постари имале хромозомни грешки, или анеуплоидија, кои „резултираат со геномска нерамнотежа и губиток на бременоста“. И во двата случаи, хромозомните грешки ја зголемувале шансата јајце клетките да бидат исфрлени без оплодување, и функционирале како еден вид на „молекуларен часовник“, осигурувајќи се дека само најдобрите од нив ќе бидат оплодени.

Кога тинејџерите созреваат во жени во нивните 20-ти, нивните јајце клетки стануваат поздрави и хромозомните грешки исчезнуваат. Но, како што наследниот материјал кој го има во „лепакот“ почнува да се распаѓа, се појавуваат хромозомни грешки кои можат да доведат до Даунов синдром кај новороденчињата, или до неплодност кај постарите жени.

На истражувачите уште не им е целосно јасно зошто плодноста го има овој циклус, но имаат две теории. Од едната страна е старосниот спектар, со што самиот организам ги спречува младите девојки да затруднат пред нивните тела да се целосно развиени (на пр. да имаат пошироки колкови за породување), а од другата страна е „хипотезата на баба“, каде жените ја губат способноста за репродукција за да можат да ги подржуваат другите жени и деца во нивната фамилија или социјален круг.

Истражувачите сметаат дека што поголемото разбирање како функционира женската плодност може да им помогне на лекарите како да ја третираат и да даваат совети во врска со неплодноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...