Музиката може да поттикне побрз раст и развој на растенијата

Изложувањето на растенијата на монотон звук ја стимулира активноста на габите, коишто пак, може да поттикнат побрз развој на растенијата, покажува ново истражување. Наодите на Универзитетот „Флиндерс“ во Аделаида, Австралија, се објавени во списанието „Biology Letters”.



Ова откритие оди во насока на потврда на можноста дека музиката може да биде корисна за побрз раст на земјоделските и градинарските култури.

- Дали може да влијаеме на микробните заедници на почвата или растенијата како целина? Може ли да го забрзаме процесот на обновувањето на земјиштето со стимулирање со природни звуци? Каков ефект може да има ова врз фауната на земјата? Има многу важни прашања што не окупираат и на што работиме, појасни водечкиот автор на испитувањата, Џејк Робинсон.

И забавно-научното ТВ-шоу „Разбивачи на митови“ (Mythbusters) своевремено ја тестираше оваа хипотеза со повеќе видови музика. Полунаучните наоди открија дека дет-металот и класичната музика (Моцарт) се наводни „малку поделотворни“ врз растенијата од другите видови музика.

Имајќи предвид дека растителниот свет денес се соочува со низа предизвици и проблеми за коишто е одговорен човекот. Имено, поради ерозијата на почвата, уништувањето на шумите, загадувањето и зголемената опасност од исчезнување на одредени растителни видови, научниците стравуваат дека иднината на светот биодиверзитетот и посевите да бидат загрозени.

Врз основа на претходни испитувања, каде што бактерија „E. coli“ била изложена на звучни бранови, австралиските истражувачи го испробаа влијанието на звукот врз растот и развојот на габата „Trichoderma harzianum“.

Оваа габа често се користи во органското земјоделство поради нејзината способност да ги заштити растенијата од патогени, да ја подобри количината на хранливи материи во почвата и да го забрза растот. Така, научниците ја изложиле флората на звукот „Tinnitus Flosser Masker на 8 kHz“. Тоа е комбинација од различни звуци на различни фреквенции што човечкото уво може да ги слушне, наменети за смирување на тинитусот (зуење во ушите) или за запивање на бебињата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...