Нова класа на црни дупки

Tим германски астрономи откриле црна дупка со 40 милијарди  пати поголема маса од онаа на Сонцето, а сега во нова студија тим астрономи од државниот универзитет на Охајо тврдат дека откриле сосема нова претходно непозната класа на црни дупки.



Доколку ова се потврди, научниците ќе треба повторно да го адаптираат разбирањето во врска со тоа како ѕвездите и останатите вселенски објекти се раѓаат и умираат.

Тимот истражувачи бил заинтригиран од огромната разлика помеѓу големината на најголемите неутронски ѕвезди – екстремно густи и релативно мали ѕвезди кои се формираат откако големите ќе имплодираат во супернова и онаа на најмалечките познати црни дупки.

Неутронските ѕвезди се релативно мали и имаат 2-3 пати поголема маса од онаа на Сонцето, но ѕвездите поголеми од тоа имаат тенденција да колабираат врз себе и да формираат црни дупки.

Тие откриле гигантска црвена ѕвезда која орбитирала околу нешто за што во почетокот се сметало за премногу мало за да биде црна дупка во Млечниот Пат, но кое што било многу поголемо од неутронските ѕвезди кои ни се познати.

Се испоставило дека се работи за црна дупка со маса само 3.3 пати поголема од онаа на Сонцето, во споредба со сите останати досега откриени црни дупки кои имале најмалку 5 пати поголема маса.

Оваа нова класа на црни дупки би можела да ни каже повеќе во врска со тоа кои ѕвезди експлодираат, кои не, кои формираат црни дупки, а кои неутронски ѕвезди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...